Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Шкендија по петтипат стана шампион на Македонија
    Фудбал

    Шкендија по петтипат стана шампион на Македонија

    sasoBy saso07/05/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Со победата од 2:1 против екипата на Работнички, Шкендија и официјално е новиот фудбалски шампион на Македонија. Попладнево во Тетово во мечот од 31. Коло тетовци славеа над Работнички и дојдоа до 4 бода предност пред Силекс на две кола до крајот на шампионатот.

    Шкендија ја осигура петтата шампионска круна со оглед на тоа што има четири бода предност пред второпласираниот Силекс, а во следното коло треба да игра со екипата на Гостивар. Но, откако гостиварци се откажаа од шампионатот, Шкендија следното коло ќе добие службена победа од 3-0, поради што уште од сега е јасно дека веќе осигураа доволна предност за шампионска круна.

    Во преостанатите денешни дуели, во вистинска драма во Струмица, Брера со пресврт славеше над Шкупи со 4:3, додека Тиквеш дома ја совлада Беса со 1:0.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.