Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини објави дека ќе игра на Мастерсот во Рим за последен пат.
Италијанецот има 37 години и е на 107-то место во светот.
„Како дете доаѓав тука како навивач и си мислев: Се надевам дека еден ден ќе играм тука. Сега сум на таа страна. Мислам дека е вистинско време да се збогуваме со овој прекрасен град. Сакам да им дадам простор на младите играчи, така е. Имав одлична кариера и сум среќен, но како и сè, има почеток и крај.
Се насмевнувам затоа што знам дека кога имав 15, 16, 20 години имав многу тешки времиња тука во Рим. И би сакал да уживам во сето тоа уште еден, последен пат. Секако, морам да седнам, да испијам кафе или можеби добро вино, за да видам што ми носи иднината“, изјавил Фоњини.

