Интер заработи 14,7 милиони евра од продажба на билети за натпреварот со Барселона, што е рекорд за Италија, се пофалија од клубот.
Досега, овој рекорд му припаѓаше на дербито со Милан во 2023 година, кое на „нероаѕурите“ им донесе приход од 12,5 милиони евра.
На трибините на стадионот „Џузепе Меаца“ на средбата со Барселона имаше 75.504 гледачи, а во гостинскиот дел имаше 4.253 гледачи.
Треба да се напомене дека меѓу 10-те најпрофитабилни натпревари во продажбата на билети во историјата на италијанскиот фудбал се само натпреварите помеѓу Интер и Милан на овој стадион.

