Чаби Алонсо ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид, потврди „Марка“. Според авторитативното издание, договорот е потврден. Актуелниот тренер на Баер Леверкузен ќе потпише тригодишен договор со „белите“.
„Кралскиот клуб“ ќе мора да плати и откупна клаузула за баскискиот специјалист, чиј договор со германскиот клуб е за уште една сезона. Раководството на Реал Мадрид, исто така, постигна договор за разделба со Карло Анчелоти. Последниот натпревар на италијанскиот тренер како тренер на „белите“ ќе биде на 25 мај на домашен терен против Реал Сосиедад. Натпреварот е од последното коло на Ла Лига, а се очекува тренерот да добие големо испраќање.
Се очекува Анчелоти да ја преземе репрезентацијата на Бразил.

