Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Воска и Гостивар испратени во најнизок ранг, но ќе паузираат една сезона
    Фудбал

    Воска и Гостивар испратени во најнизок ранг, но ќе паузираат една сезона

    risteBy riste09/05/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за дисциплински мерки против клубовите ФК Воска Спорт и Гостивар поради неодиграни натпревари од последните две кола во Прва МФЛ.

    –  Воска Спорт се казнува со одземање на девет бодови и парична казна во износ од 25.000 евра за неодигрување на натпреварот од 29. коло во ПМФЛ.

    –  За неодигрување на натпреварот од 30. коло, Воска Спорт добива казна, одземање на дополнителни девет бодови и парична казна во износ од 25,000.00 евра

    –  Гостивар се казнува со одземање на девет бодови и парична казна во износ од 25.000 евра за неодигрување на натпреварот од 30. коло, како и со идентична казна за неодигрување на натпреварот од 31. коло во ПМФЛ

    По правосилноста на овие одлуки, екипите на Воска Спорт и Гостивар ќе бидат исфрлени во најнизок ранг на натпреварување со забрана за учество во натпреварувачката сезона 2025/2026.

    Дополнително, Фудбалската федерација на Македонија ќе ги искористи сите можни механизми да ги наплати наменските средства во износ од 150.000 евра, паричен износ кој Воска Спорт ги доби на 10 април 2025 година преку солидарната шема за тековната сезона 2024/25. 

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.