Тренерот на фудбалерите на Милан, Серхио Консеисао, потенцира дека сите мора да бидат задоволни со вчерашната победа од 3:1 против Болоња во меч од 36-тото коло во италијанската Серија А.
„Победивме тим против кој беше тешко да се игра. Во почетокот на второто полувреме се обидовме да притиснеме малку повисоко и примивме голови а потоа ја променивме шемата. Резервните играа добро“ – рече Консеисао.
„Хименез е квалитетен играч. Среќен сум за него бидејќи напаѓачите живеат за голови. Да не ги заборавиме и важните голови што ги постигна Абрахам “ – рече тренерот на „росонерите“.

