Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова се победници на 9-то издание на трката – „HalkEco Скопје Трча 10 км“ на која учествуваа околу 1700 натпреварувачи.Ивановски патеката ја истрча со време 30:59 минути, пред Муџахид Мислими и Димитар Илиев додека во женска конкуренција, најбрзата, Поп Арсова оствари време 35:35 минути пред Билсерин Сулејман со 35:58 минути а на третото заврши Невена Јовановиќ со 36:58 минути.
Во категоријата учесници со телесен инвалидитет, која беше новина на годинешново издание на трката, од вкупно 12 пријавени, победници се Габриела Стојановиќ во женска конкуренција со време 59:28 минути и Зоран Јовановски во машка конкуренција со време 01:06:21. Второто место во женска конкуренција со време 01:10:42 го освои Јелена Трајковиќ, а Елизабета Симева Јовановска беше трета со освоено време 01:14:20. Александар Јовановски со време 01:11:56 го освои второто место, а со време 01:12:45 третото место му припадна на Шукри Мемеди.Т
рката се одржа со цел да се промовира активен и здрав живот, како и инклузивност во спортот а настанот ја зацврсти својата позиција како еден од најзначајните во регионот.Организатори беа Сојузот на Спортови на Скопје, во соработка со А.К. Скопски Маратон и А.К. Работнички.

