Усман Дембеле од редовите на францускиот шампион ПСЖ прогласен за играч на сезоната во Лига 1. Националниот сојуз на професионални фудбалери (UNFP) одржа церемонија на доделување награди за најдобрите играчи, тренери и судии кои работат во Франција или ја претставуваат во странство.
За најдобар играч во Лига 1 беше прогласен Усман Дембеле, а за најдобар млад фудбалер е прогласен неговиот партнер во нападот, Дезире Дуе. Најдобар голман оваа сезона во Франција е Лукас Шевалие од Лил, најдобар тренер Луис Енрике од ПСЖ, а најдобар француски играч во странство е прогласен Килијан Мбапе од Реал Мадрид.

