Поранешниот англиски репрезентативец Гери Невил ја пофали работата на Микел Артета во Арсенал.
„Да не освоиш ниту еден трофеј пет години, а сепак да бидеш менаџер на тим од Премиер лигата е големо достигнување. Мислевме дека времињата кога беше дозволено такво трпение се завршени. Мислам дека е добро бидејќи обично тренерот е под притисок. Ова е важно во смисла дека забележуваш напредок. Се гледа дека на Арсенал му недостига длабочина, сè уште им недостасува играч од средниот ред кој може да ја прими топката во одбраната, а Арсенал би можел да го види Зубименди како трансфер цел број 1. Парти не е добар во ова, Деклан Рајс докажа во првиот натпревар против ПСЖ дека совршено се справува со тоа“, изјави поранешниот играч на Манчестер Јунајтед во анализата за „Скај Спортс“.

