Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, сака да направи трансфер во Наполи. Тој побарал да разговара со тренерот на италијанскиот тим, Антонио Конте.
Според одредени најави, калчо-лигашот е подготвен да му понуди на Белгиецот договор за две години. Во целата ситуација единствен проблем може да биде неговата висока плата што ја добива во Англија.
Играчот од средниот ред на „граѓаните“ ќе биде слободен по 30 јуни кога ќе му истече договорот.

