Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, по лошата сезона во Премиер-лигата, вели дека има план како да го врати клубот на шампионските патеки во Англија.
„Имам јасно чувство дека знам што му е потребно на тимот за да биде многу подобар. Тоа ми помогна да го одржам моето ниво“ – рече Аморим.
„Црвените ѓаволи“ ќе имаат шанса со трофеј да ја завршат сезоната бидејќи ги очекува финале во Лига Европа против Тотенхем на 21 мај.

