Нашата, Ива Пројковска, ќе биде дел од судискиот тим за женското финале во Лигата на фудбалските шампиони.
Таа ќе ја има улогата на четврти судија на финалниот меч меѓу Арсенал и Барселона кој ќе биде одигран на 24 мај во Лисабон. Мечот во Португалија ќе го суди Ивана Мартинчиќ од Хрватска а помошнички ќе и бидат нејзините сонароднички, Сања Роџак – Каршиќ и Маја Петровиќ.
Ќе потсетиме дека Пројковска имаше успешно судење на повеќе меѓународни мечеви под капата на УЕФА и ФИФА.

