Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети, се наврати на елиминацијата на Барселона и пласманот во големото финале во Лигата на шампионите. Италијанците сега ги чека битка со ПСЖ за европскиот трон.
„Кога Барса направи пресврт во реваншот и поведе со 3-2, сите мислеа дека натпреварот ќе заврши така. Сепак, тимот покажа срце и играше со самодоверба до крајот. Така дојде голот на Франческо Ачерби“ – рече Занети.
„Јан Зомер се претстави многу добро и направи неверојатни одбрани. Постојат играчи кои се на вистинско место во вистинско време. Токму тоа се случи со Ачерби“ – рече Аргентинецот.

