Украинскиот голман на Реал Мадрид, Андриј Лунин, се повреди и ќе го пропушти натпреварот од 36-то коло од шпанската Примера против Мајорка, соопшти прес-службата на Реал Мадрид.
Забележано е дека Лунин има модринка на десната рака и нема да биде вклучен во составот за натпреварот.
Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Мајорка ќе се одржи вечерва, на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Почетокот е закажан за во 21:30 часот.
Лунин одигра 12 натпревари на сите турнири оваа сезона, од кои на четири не прими гол.
Тековниот договор на украинскиот голман со шпанскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2030 година.

