Барселона планира голема реконструкција на тимот ова лето, потенцијално разделувајќи се со осум играчи за да ослободи средства за обновување на договорите на Ламин Јамал и Рафиња, објави „Мирор“.
Каталонскиoт гигант продолжува да се борi со финансиски ограничувања, приоритет им дава на продолжување на договорите на двајца од нивните најдобри играчи оваа сезона. 17-годишниот Ламин Јамал веќе се етаблираше како еден од најперспективните таленти во светскиот фудбал, додека Рафиња ја има најсилната сезона во својата кариера и дури се смета за потенцијален кандидат за „Златната топка“.
За да ги обезбеди потребните финансиски средства, спортскиот директор Деко веќе работи на можни трансфери. Меѓу имињата што би можеле да го напуштат „Камп Ноу“ се Ансу Фати и Гави, а евентуалното отпуштање на вториот е изненадувачко со оглед на неговиот статус како стартер. Покрај нив, се споменуваат и резервниот голман Ињаки Пења, дефанзивците Роналд Араухо и Хектор Форт, како и играчите од средниот ред Фермин Лопез и Пау Виктор.
По спектакуларната победа од 4-3 над Реал Мадрид во Ел Класико минатиот викенд, тимот на Ханси Флик е само на една победа од освојување на 28-та титула во Ла Лига и комплетирање на златен дабл оваа сезона.
Следната пречка за Каталонците е градскиот ривал Еспањол, а натпреварот е програмата утревечер.

