Карло Анчелоти потврди дека на 26 мај ќе го напушти Реал Мадрид и дека ќе замине во Рио Де Женеиро за да ја започне својата нова улога со петкратниот светски шампион – Бразил.
„Секогаш кога сум седел на клупата на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабе“, тоа било посебно за мене“, рече италијанскиот тренер по вчерашната победа против Мајорка во Примера Дивизион.
„Си одам со мир во душата и со сознанието дека го направив тоа што морав и дека мојот тим секогаш се обидува да победи до последен момент“ – рече трофејниот стратег кој во иднина ќе ја води селекцијата на Бразил.

