Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, вели дека „црвените ѓаволи“ мораат да се вратат во трката за титулата во Премиер-лигата.
„Очигледно во Премиер лигата започнавме да заостануваме а навивачите беа свесни дека можеме да добиеме многу повеќе од она што го сакаме“ – рече фудбалерот од Португалија.
„Јунајтед нема цел да биде во топ 4 туку да ја освои Премиер лигата.Тоа е минатото на клубот, тоа е историјата на клубот и мора да биде сегашноста и иднината“ – нагласи Фернандеш.

