Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, вели дека битката за место во Лигата на шампионите ќе се води до последното коло во Премиер-лигата.
Засега само новиот шампион Ливерпул и екипата на Арсенал, се сигурни учесници во елитната конкуренција на Европа за наредната сезона. Неговиот Њукасл е на третото место со 66 бода.
„На добар пат сме да го постигнеме она што сакаме да го постигнеме оваа сезона, но сè уште има многу работа и два тешки натпревари за играње“ – рече тренерот пред гостувањето кај Арсенал.

