Милан нема да игра во европските купови за првпат по шест години. „Росонерите“ загубија со 1:3 на гостински терен од Рома и пред последното коло го заземаат 9-тото место во Серија А и немаат шанси за квалификација на клупските турнири на Стариот континент.
За разлика од нив, екипата на Рома ја задржа реалната шанса за квалификација и во Лигата на шампионите, бидејќи заостанува само еден бод зад Јувентус.

