Тренерот на Наполи, Антонио Конте се надева дека титулата, Наполи ќе ја потврди во последното коло.
„Блиску сме до Скудетото, но треба да го направиме последниот чекор. Ќе мора да го направиме тоа дома пред нашите навивачи“, вели Конте.
„Сезоната беше полна со тешкотии, но никогаш не се пожаливме. Добро е што завршува бидејќи губиме играчи. Во исто време, ние продолжуваме да се бориме. Се надевам дека овие момци ќе станат шампиони. За мене, победата би била потврда на целиот труд што го вложив во оваа сезона. Дадов сѐ од себе. Многу сум уморен и само чекам да заврши првенството“, рече главниот тренер на Наполи, по вчерашното реми 0:0 со Парма.

