Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, не крие дека е разочаран од ефектот во сезонава која завршува. Неговиот тим петта година по ред не успеа да освои трофеј во ниту една конкуренција.
„Несреќни сме и разочарани но, мислам дека сме на вистинскиот пат. Можам да ветам дека ќе направам сè за да го извлечам најдоброто од фудбалерите“- рече Шпанецот.
„Мора да започнеме да создаваме историја тука, на нашиот стадион“ – рече Артета.

