Игор Стојчевски од Скопје ќе го суди финалето на Купот меѓу Вардар и Струга Трим Лум кое ќе биде реализирано в среда на 21 мај од 20.00 часот на Арената во Скопје.
Негови помошници ќе бидат Дарко Јовчевски (Тетово) и Мартин Петковски (Куманово) додека улогата на четврти судија ќе ја има Јован Качевски (Струга).
Во ВАР-собата ќе има судии од Србија кои биле дел и од Лигата на шампионите. Тоа се Новак Симовиќ (Нови Сад) и Урош Стојковиќ (Белград). Делегат ќе биде Игор Франгоски (Скопје) а контролор е Зоран Николовски (Скопје).

