Тенисерката од Украина, Елина Свитолина, нема да настапи на турнирот во Стразбур кој има награден фонд од 925.661 евра.
Победничката на собирот во Франција од 2020 и 2023 година, се пожали на болки во грбот и одлучи да не игра. Таа ќе се подготвува за вториот сезонски грен слем на терените на Ролан Гарос во Париз.
Украинката во главната ждрепка беше заменета од Мари Бузкова (Чешка), која дојде како„среќна губитничка“ од квалификациите.

