Тренерот на фудбалерите на Струга Трим Лум, Илчо Ѓорѓиоски, верува дека неговите избраници ќе го победат Вардар во финалето на Купот и ќе обезбедат евро-виза за наредната сезона.
„Финале на Куп е натпревар кој се чека цела сезона. Ние ќе бидеме дел од овој меч и сакаме да го освоиме ова натпреварување. Сега имаме втора шанса, сакаме да го донесеме трофејот во Струга. Како тим дефинитивно сме подготвени, желни и мотивирани за утрешниот натпревар. Имаме доволен број на квалитетни и искусни фудбалери кои знаат да се носат со предизвикот“ – рече тренерот на стружани.
„Според мене, Вардар е фаворит. Многу го ценам овој клуб, како играч и тренер освојував титули, тоа е мој клуб. Сепак, дефинитивно сакам да победам во ова финале. Знаеме што сакаме и како треба да ја достигнеме зацртаната цел“ – потенцираше Ѓорѓиоски на денешната прес-конференција.

