Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, кој на крајот на сезоната ќе ги напушти „граѓаните“, вели дека имал незаборавни десет сезони во дресот на англискиот елитен состав.
„Малку е чудно. Мислам дека многу се забавувавме во овие 10 години. Понекогаш победуваш, понекогаш губи. Беше убаво да се работи толку напорно и да се направи клубот многу подобар отколку што беше порано. Многу сум горд“, рече Белгиецот.
„Верувам дека животот и кариерата се патување. Имало многу подеми и падови. Уживав во секој момент неизмерно и научив од тешките времиња“ – заклучи Де Бруин.

