Тенисерот, Александар Зверев, откако загуби од Александар Милер во второто коло во Хамбург, откри дека пред мечот имал здравствени проблеми.
„Синоќа имав температура 39,4 степени. Мислам дека само двајца играчи во светот би излегле на теренот во таква состојба. Јас сум еден од нив. Генерално, горд сум на тоа. Бев на два поена до победа“ – рече Зверев.
„Тој одигра многу добар, конзистентен натпревар. Во еден момент увиде дека не се чувствувам добро и почна да ги влече потезите. Секако, тоа беше паметна одлука од негова страна“ – рече Зверев

