Фудбалската асоцијација на Англија поведе постапка против Вест Хем и Нотингем Форест за инцидентот што се случи во текот на викендот на нивниот дуел од 37-то коло од Премиер лигата.
Иако во целиот случај главниот судија, Сем Барот, не исклучи ниту еден играч, туку им покажа жолти картони на Муриљо и Фелипе Мората од Нотингем и на Алварез и Карлос Солер од Вест Хем, ФА веројатно ќе санкционира дел од играчите.
Двата клуба имаат рок до 23 мај да одговорат на обвиненијата.

