Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, проговори за можноста за заминување од „Олд Трафорд“.
Претходно беше објавено дека екипата на Ал-Хилал од Саудиска Арабија е заинтересирана за потписот на португалскиот играч од средниот ред.
„Ќе останам сè додека клубот не каже дека е време да си заминам. Ако клубот одлучи дека е време да се разделиме затоа што сака да заработи пари, нека биде така, понекогаш тоа се случува“ – рече Фернандеш.

