Наполи е новиот шампион на Италија по пауза од две години што е голем успех за овој тим кој претходно долго време чекаше на Скудетото од времето на славниот Диего Армандо Марадона.
Наполитанците во клучниот меч синоќа го добија Калјари со 2-0, а стрелец на еден од тие погодоци беше Ромелу Лукаку.
„Чувствувам толку многу емоции во моментов. Трогнат сум за тимот и овие играчи, работевме толку напорно, но успеавме и тоа е најважното“, истакна Ромелу, кој има неверојатни бројки под водство на Антонио Конте, 78 голови и 27 асистенции на 133 натпревари.
„Сите победивме, јас бев само мал дел од овој тим. Размислувавме само за тимот, сите беа важни, без разлика дали играа редовно или не, така го донесовме трофејот дома“, рече скромниот Лукаку.

