Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, се надева дека ќе го искористи успехот во Лигата на Европа како појдовна точка за повеќе трофеи, но не даде јасни информации за иднината на менаџерот Ангелос Постекоглу.
Постекоглу му го донесе долгоочекуваниот трофеј на Тотенхем со победата од 1-0 над Манчестер Јунајтед во финалето на Лигата на Европа во Билбао, со што го запиша своето име во клупската историја. Австралијанецот беше предмет на интензивни шпекулации за неговата иднина по турбулентната сезона во Премиер лигата.
„Би сакал да им се заблагодарам на Анже и на играчите што го овозможија ова неверојатно достигнување. Исто така, би сакал да им се заблагодарам на сите наши неверојатни вработени – толку многу напорна работа се прави зад сцената. Исто така, би сакал да ви се заблагодарам вам – на навивачите – што сте со нас и што ја имате истата верба“, изјавил Леви.

