Килијан Мбапе е добитник на престижната награда – „Златна копачка“, која му се доделува на најдобриот стрелец во европските национални првенства.
Брзоногиот фудбалер ја доби наградата за првпат во кариерата и тоа уште во дебитантска сезона во Шпанија. Тој за Реал Мадрид имаше 31 погодок и собра вкупно 62 бода. Иако најмногу голови постигна шведскиот напаѓач, Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон – вкупно 39, португалското првенство има понизок коефициент во рангирањето на УЕФА и секој негов гол вреди 1,5 поени. Тој собра 58,5.
Третото место го осво Мохамед Салах од Ливерпул а четвртото Хари Кејн од Баерн Минхен.

