Возачот кој беше уапсен вчера откако удри со комбе во навивачите на Ливерпул бил под дејство на дрога. Тоа беше откриено на прес-конференција од заменик-началникот на полицијата, Џени Симс и главниот инспектор Карен Џандрил.
-Уапсивме 53-годишен маж од Западен Дерби под сомнение за обид за убиство, опасно возење и возење под дејство на алкохол по употреба на дрога. Тој останува во притвор. Имаме вкупно 65 потврдени жртви од кои многумина бараа болничко лекување“ – откри полицијата.
Од 50-те лица кои беа примени во болница по инцидентот, 11-ет се хоспитализирани и сите се во стабилна состојба.

