Тенисерката, Мира Андреева, откако ја победи Кристина Букша со 6:4 и 6:3 на терените на Ролан Гарос, вели дека е задоволна од новата опрема.
„Прв пат се појавувам во такво здолниште. Најк создаде нешто специјално и бев воодушевена. Го имам во две бои: бордо и млечно бела“ – рече Андреева и се насочи кон начинот на исхрана пред секој турнир.
„Се обидувам да се хранам правилно, да избегнувам брза храна и да не се препуштам на слатки или нездрава храна. Но, понекогаш има моменти кога чувствувам дека само треба да јадам нешто благо, во спротивно едноставно нема да можам да функционирам нормално“, рече Андреева на прес-конференција.

