Арне Слот кој го однесе Ливерпул до титулата во фудбалската Премиер Лигата е прогласен за најдобар менаџер во Англија за изминатата сезона. Холанѓанецот ја доби наградата што го носи името на легендарниот – Сер Алекс Фергусон.
Победникот беше прогласен на посебна церемонија во Лондон. Слот не присуствуваше во знак на солидарност со жртвите од инцидентот кога автомобил удри во група навивачи за време на шампионската парада на „црвените“.
Во конкуренција беа и Томас Франк, Еду Хау, Нуно Еспирито Санто и Витор Переира.

