Наполи е уверен дека Антонио Конте ќе остане на тренерската позиција и следната сезона. Разговорот на тренерот со Де Лаурентис бил позитивен, откриваат извори од клубот.
Италијанскиот шампион е уверен дека 55-годишниот стратег ќе остане на функцијата главен тренер, откако личниот разговор на Конте со претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, завршил со насмевки. Конечната одлука ќе биде донесена многу скоро.

