Арсенал ќе мора да плати 75 милиони фунти плус дополнителни бонуси доколку сака да го купи фудбалерот на РБ Лајпциг, Бенџамин Шешко.
Според „Дејли меил“, директорот на германскиот состав, Марсел Шефер, јасно им ставил до знаење на англичаните дека нема да прифати помала сума за одличниот напаѓач.
Тренерот на „топчиите“, Микел Артета, го гледа интернационалецот од Словенија како идеално решение во нападот.

