Денеска во салата – „Билјанини извори“ во Охрид, ќе бидат одиграни полуфиналните мечеви во ракометниот Куп за мажи. Во првиот термин од 17.00 часот ќе се сретнат Алкалоид (бранител на пехарот) и Вардар додека од 19.30 часот силите ќе ги одмерат Еурофарм Пелистер и домаќинот на завршниот турнир екипата на Охрид.
Победниците од тие средби утре ќе се сретна во големото финале. Во Радовиш пак, денеска од 16.00 часот ќе биде одигран финалниот меч во Купот кај ракометарките. Екипата на Ѓорче Петров за противник го има составот на Чаир.
Новиот шампионот вчера славеа против Вардар убедливо со 39-18 додека Чаирчанки го совладаа Металург со 22-20.

