ПСЖ и Интер денеска ќе го одиграат големото финале во Лигата на фудбалските шампиони. Дуелот кој може да донесе историски момент за дел од актерите ќе се реализира на стадинот во Минхен (Германија).
Пари Сен Жермен би можел да стане само вториот француски победник во елитата на Европа по Олимпик Марсеј. Воедно тимот од „Паркот на принцовите“ може да биде 24-тиот состав што дошол до круната. Тренерот на италијанците, Симоне Инзаги, може да го продолжи италијанскиот рекорд за освојување на титули во европската конкуренција.
Италија има седум менаџери кои го освоиле најпрестижниот клупски трофеј: Карло Анчелоти (5), Нерео Роко (2), Ариго Саки (2), Роберто ди Матео (1), Марчело Липи (1), Фабио Капело (1), Џовани Трапатони (1).

