Францускиот ПСЖ и италијанскиот Интер доцна вечер во Минхен ќе се борат за победничкиот пехар во Лигата на фудбалските шампиони. Популарните „светци“ се надеваат дека за прв пат во историјата ќе ја покорат фудбалска Европа додека елитниот состав од „Чизмата“ сака повторнот да го однесе пахерот во Милано.
Еве ги можните состави на финалистите. За Интер треба да истрчаат: Зомер; Павард, Ачерби, Бастони; Демфрис, Барела, Чалханоглу, Мхитарјан, Димарко; Лаутаро Мартинез и Турам. За ПСЖ веројатно мечот ќе го започнат: Донарума; Хакими, Маркињос, Пачо, Нуно Мендес; Жоао Невес, Витиња, Фабијан Руиз; Кварацхелија, Дембеле и Баркола.
Големото финале во Лигата на шампионите ќе го суди Иштван Ковач од Романија. Ќе му помагаат неговите сонародници, Михаил Марица и Ференц Тоњоги додека четврти судија ќе биде Португалецот, Жоао Пињеиро. Во ВАР собата главниот збор ќе го има Денис Хеглер од Холандија.

