Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе забележи голем скок на новата ВТА ранг-листа која официјално треба да биде објавена по завршувањето на актуелниот Грен слем турнир Роланд Гарос, односно следниот понеделник.
Ѓорческа по победата која ја оствари на Фјучерс турнирот во Куршумлиска Бања (Србија) ќе има напредок односно ќе се најде на 286 место на ранг-листата со 242 бода.
Лина Ѓорческа е на оваа позиција на моментаната листа која е само најава на онаа официјалната која ја очекуваме следниот понеделник.

