Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Проблем за Кристал Палас, можно е да останат без настап во Лига Европа
    Фудбал

    Проблем за Кристал Палас, можно е да останат без настап во Лига Европа

    risteBy riste03/06/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Управниот одбор на Кристал Палас ќе одржи итен состанок со претставници на УЕФА во вторник во очаен обид да избегне исфрлање од европските натпреварувања.

    Тимот обезбеди историско место во Лигата на Европа откако го победи Манчестер Сити во финалето на ФА Купот, но сега се соочува со закана нивниот сон да биде уништен од правилата што забрануваат еден сопственик да поседува повеќе клубови во истото натпреварување. Ова значи дека екипата на Брајтон би можела да го заземат нивното место.

    Американскиот бизнисмен Џон Текстор поседува околу 43% од Кристал Палас, но тој е исто така мнозински сопственик на францускиот тим Лион, кој исто така е во истото натпреварување, а правилата на УЕФА забрануваат учество на два клуба со ист сопственик.

    Еден можен излез за Палас би бил да се пресели во Конференциската лига. Но, и таму ги чека проблем, затоа што таму е данскиот тим Брондби, во сопственост на ко-сопственикот на Кристал Палас, Дејвид Блицер, е на пат да го заземе тоа место.

    Според правилата за клубови со заедничка сопственост, тимот што завршил повисоко на табелата има предност. Лион ја заврши сезоната на шестото место, Брондби на третото, а Кристал Палас на 12-то место.

    Според „Мејл Спорт“, лондонскиот клуб ќе треба да презентира прифатливо решение на состанокот во Швајцарија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.