Ѕвездата на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд го одбил предлогот на неговиот клуб да го потпише новиот договор. Во исто време, сепак, тој најави дека нема да му се приклучи на Реал Мадрид во зима, како што се појавија информации.
Играчот на лето ќе може да се пресели во шпанската престолнина како слободен играч. Дотогаш, сепак, тој ќе остане во Ливерпул бидејќи сака да „замине на најдобар можен начин, со титули, а не на средина на сезоната“.
Англискиот гигант оваа сезона се обиде да ги обнови договорите на голем број ѕвезди, меѓу кои и Александер-Арнолд, чиј договор е до летото 2025 година.
26-годишниот фудбалер доби неколку понуди од „црвените“ од почетокот на сезоната. Клубот се обидува да ја задржи својата ѕвезда. Александар-Арнолд ги одби сите понуди од раководството бидејќи сака да го напушти „Енфилд“.
Овој фудбалер веќе се поврзува со Реал Мадрид. Се очекува тој да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ во летото 2025 година откако ќе му истече актуелниот договор. Се шпекулира дека е добар пријател со неговиот соиграч од Англија, Џуд Белингем.
Последните информации говорат дека и самите претставници на Ливерпул се обесхрабрени и нивната надеж дека ќе го задржат фудбалерот е згасната.