Нашиот кошаркарски интернационалец, Ненад Димитријевиќ, во интервју за – „Спорт клуб“, откри, дека нема да игра на првиот мечот со Литванија во Скопје во рамките на тековните квалификации.
„Истиот ден играме против Макаби во Евро-лигата и нема да можам да бидам на натпреварот во Скопје“ – нагласи Димитријевиќ.
На средбата со Литванците нема да биде ниту Ти Џеј Шортс кој ќе има обврски со неговиот клуб од Париз.

