Голманот на Ливерпул Алисон Бекер едвај ги задржа своите емоции по голот за победа од 2:1 против Вест Бромвич Албион, кој практично го остави Ливерпул во борбата за пласман во Лигата на шампионите. Бекер не само што го постигна првиот гол во својата кариера, туку стана и првиот голман кој постигнал гол за Ливерпул во клупската историја.
„Целта беше само да влезам и, ако е можно, да им помогнам на моите соиграчи влечејќи дефанзивец со мене. Сепак, никој не ме следеше и имав среќа што топката дојде директно кон мене и успеав да ја внесам во мрежата. Не ме прашувај за објаснување, затоа што немам“, изјави тој по мечот.