Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Селекторот на Казахстан Станислав Черчесов  со коментар за ждребката
    Фудбал

    Селекторот на Казахстан Станислав Черчесов  со коментар за ждребката

    risteBy riste13/12/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на репрезентацијата на Казахстан, Станислав Черчесов ги оцени резултатите од ждрепката за европскиот квалификациски турнир за СП 2026 година.

    „На ова ниво ждрепката игра значајна улога. Репрезентацијата на Белгија ми е добро позната – со оваа селекција веќе се сретнав на квалификацискиот турнир и на самото Европско првенство. Сега тие се подложени на реструктуирање. Што се однесува до екипите на Велс и Македонија, одамна ги немам видено на дело, така што сè уште не можам да дадам конкретна оценка.

    Од петтиот шешир ја добивме екипата на Лихтенштајн. Сепак, секој противник мора да се почитува, внимателно да се проучува и да се вложи максимални напори за да се постигне победа. Ајде да видиме каков ќе биде нашиот календар. Нема да правам никакви прогнози, заинтересиран сум само за мојот тим. Најважно е колку можеме да го подготвиме тимот и да играме на резултат“, изјави Черчесов, за прес-службата на фудбалската федерација на Казахстан.

    Според резултатите од ждрепката, селекцијата на Казахстан се најде во групата Ј, во која се: Белгија, Велс, Македонија, Лихтенштајн.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.