Ракометарите на Еурофарм Пелистер освоија бод во Лигата на шампионите откако одиграа нерешемо со Фредериција (29:29).
Новиот тренер на Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо дебитираше на клупата на клубот од Битола, но може да жали, бидејќи неговиот тим имаше и шанса да триумфира, но не искористи два напади во последната минута.
Шпанскиот стратег по натпреварот зборуваше на прес-конференцијата и рече:
„Ова беше посебен меч за мене. Фактот дека имавме краток период да се подготвиме против ваков ривал беше најголем проблем. Одушевен сум од дочекот на навивачите, а горд на играчите за оваа борба на теренот. Не се откажавме, тргнавме мирно на стартот и бркавме негатива. Можеби првиот дел не беше најдобар. Во продолжението знаевме дека ќе се вратиме со помош на публиката. Имавме доста шанси да го добиеме мечот. На крајот мислам дека ако не ги искористите шансите, не заслужуате да победите, па бодот е добар. За мене како тренер е добро бидејќи имаме доста простор за напредок, иако ми е жал ми е што не победивме. Сега имаме малку време за подготовка на следниот лигашки меч, а потоа ни следи гостувањето кај Веспрем. Се надевам на добро здравје во следниот период“, изјави Алонсо.
По осум одиграни натпревари Еурофарм Пелистер има четири бода во елитното натпреварување и се наоѓа на шесто место. Во следното коло македонскиот шампион го очекува тешко гостување кај Веспрем.