Уште еден удар за Рускиот фудбал. Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја исклучи Русија од квалификациите за Светското првенство во Канада, Мексико и Соединетите Американски Држави.
ФИФА одлучи да ја продолжи суспензијата на Фудбалскиот сојуз на Русија поради војната со Украина. Ова ќе преставува петто големо натпреварување кое ќе го пропуштат фудбалерите на Русија, по Светското првенство во Катар во 2020 година, Европското првенство во Германија оваа година и Лигата на нации во 2022 и 2024 година.
Ждрепката за квалификациските групи за пласман на следното СП ќе се одржи на на 13 декември во Цирих, а со внимание ќе ја следиме и ние поради противниците на Македонија во квалификациите.

