Арсенал го совлада Лестер во натпреварот од Премиер лигата, а тоа значеше и десетта последователна победа во сите натпреварувања.
Лестер прв поведе на оваа средба, но Арсенал одигра одлично во продолжение на натпреварот и со три прекрасни гола дојде до нови бодови во Премиер лигата.
Статистичките податоци покажуваат дека Лондончани за прв пат добија десет последователни натпревари по точно 11 години или поточно вакво нешто направиле во 2007 година. Тимот дефинитивно почна да игра исклучително добро под раководство на новиот менаџер Унаи Емери, а навивачите брзо ги заборавија проблемите во последните сезони со Арсен Венгер, кој стана вистинска икона на тимот.
Арсенал во момемнтов е четврти со 21 поен, а само два поени ги делат од лидерите во Премиер лигата, Манчестер Сити и Ливерпул.