Author: saso

На денешната прес конференција, Јорданчо Давитков, селекторот на А-репрезентацијата на Македонија објави дека поради клупски договор е неизвесно неговото појавување на селекторската позиција за преостанатиот дел од подготовките и настапите на нашата репрезентација во квалификациите за ЕП 2021. Тој вели дека и натаму е во разговори со челниците на Македонската кошаркарска федерација и во наредниот период и ќе се донесе одлука за неговата иднина во репрезентацијата. „Отсекогаш сум сакал чисти сметки, па и сега. Одигравме добар циклус, се пласиравме во другата рунда и сега не чека нов циклус квалификации. Јас уште по крајот на првенството каде што сум во Кувајт,…

Read More

Комплетниот состав на новата сезона од СЕХА Газпром ракометната лига ќе биде познат на почетокот на следната недела. Според последните информации, лигата следната сезона ќе брои 12 екипи, како што и беше најавено на состанокот на регионалната лига во Скопје за време на Ф4 турнирот. Засега не се знае дали оваа бројка на учесници ќе биде задржана, затоа што составот не е комплетиран. Она што е сигурно е фактот дека Горење нема да игра следната сезона, а не е познат статусот ниту на вториот словенечки тим, Целје. Се зборува за можно враќање во лигата на унгарски Веспрем, но и на…

Read More

Дебито на Стивен Џерард на менаџерското место во Глазгов Ренџерс помина со победа од 2:0 над екипата на Шкупи во квалификациите од Лигата на Европа. По мечот во кој Шкотите успеаја со гол од пенал во дополнителното време за игра да дојдат и до поубедлив триумф, Џерард искажа задоволство од резултатот. „Задоволен сум од резултатот. Одигравме на задоволително ниво, но не и на она вистинското на кое можеме. Има многу позитивни нешта од овој дуел, но мораше да се обидеме да го решиме овој двомеч уште на овој меч. Имаме уште многу работа и треба да изгледаме доста поубедливо“, вели…

Read More

Реал (М) подготвува понуда вредна 150 милиони фунти за една од најголемите ѕвезди на Челзи, белгискиот репрезентативец Еден Азар. “Кралевите” се разделија со Кристијано Роналдо и бараат негов заменик, а Белгиецот совршено се вклопува во концептот на тимот на Лопетеги. Тој исто така инсистира управата да го обезбеди Азар ова лето. Интересно е дека Белгиецот е трансфер цел не само на “кралскиот клуб”, туку и на Барселона, па допрва ќе се види кој од двата тима ќе ја добие битката за него. Проблем плус за двата тима е тоа што Челзи нема намера да се откаже од него, особено откако…

Read More

Фудбалерите на Вардар со минимален пораз се враќаат во Скопје од првиот меч со Пјуник во квалификациите од Лигата на Европа. По мечот, шефот на стручниот штаб на Вардар, Бобан Бабунски на прес-конференцијата во Ереван ги искажа своите импресии од одиграниот натпревар. „Знаевме дека ќе биде тешко, знаевме дека нè чека тешка задача, и така се покажа. Ова е само прв дел од овој двомеч. Се надевам дека во Скопје ќе се покажаме во подобро издание. Шансите и натаму се присутни, нема да се предадеме, ќе се обидеме добро да се подготвиме за реваншот и нормално посакувам резултат кој ќе…

Read More

Бразилецот од екипата на Реал Мадрид, Марсело, вчера упати срдечна порака до Кристијано Роналдо, збогувајќи се со својот пријател. Според “Кориере дела Сера”, сепак, тагата на 30-годишниот играч нема да трае долго, бидејќи тој е исто така на листата на посакувани фудбалери во Јувентус. Според информациите, Јувентус подготвува износ од 40 до 60 милиони евра за да го привлечат и Марсело во Торино. Бекот на Реал Мадрид е дел од мадриѓани од 2006 година и е еден од најценетите играчи во клубот.

Read More

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, нема намера да замине како партал од Лондон. Италијанскиот стратег бил бесен откако од клубот му ја соопштиле информацијата за отказот, а згора на тоа дека нема да му биде исплатен надомест во висина од 11 милиони евра за предвремено раскинување на договорот. Челзи верува дека не му должи надомест, но тоа не е мислењето на Конте, кој планира да си ги бара парите на суд. Интересно, е што веста за отпуштањето на Конте сé уште не е официјално објавена од клубот.

Read More
NBA

Ајзеа Томас и официјално се договори со Денвер Нагетс за едногодиша соработка со минимална плата од 2 милиони долари, објави ESPN. Денвер планира да го искористи како резервна опција, откако пред почетокот на минатата сезона, 29-годишниот Томас беше трејдуван од Бостон во Кливленд, а веќе во текот на регуларниот дел од сезоната се пресели на Лос Анџелес Лејкерс. Поради повредата на колкот, тој одигра само 32 натпревари, во кои постигна 15,2 поени и 4,8 асистанции по натпревар.

Read More

Селекторот на репрезентацијата на Тунис, Набил Малул, ја напушти функцијата. 55-годишниот стратег поднесе оставка и во иднина ќе го предводи катарскиот тим Ал-Духаил. Малул беше назначен за селектор на репрезентацијата на Тунис во април 2017 година. Тој стана втор Тунижанец во историјата, кој успеа да го одведе националниот тим на Светското првенство. Тунижаните загубија два натпревари во групната фаза на светското првенство – од Англија (1:2) и од Белгија (2:5), додека во битка за третото место во групата ја совладаа Панама со 2:1.

Read More

И фудбалерите на Шкупи се поразени во првиот меч од квалификациите во Лигат ана Европа. На гостувањето против славниот шкотски клуб Глазгов Ренџерс, чаирчани загубија со 2:0. Домашните поведоа во првото полувреме со голот на Марфи, а Шкупи успеа да оддолее на нападите на домашните се до завршницата, кога Глазгов Р. доби спорен пенал кој успеа да го реализира Морелос. Шкупи ќе се обиде на реваншот во Скопје да дојде до поволен резултат, можеби и изненадување.

Read More