Младиот голман Дин Хедерсон кој се наоѓа на платниот список на Манчестер Јунајтед може да добие понуда од германскиот гигант Баерн Минхен.
21-годишниот чувар на мрежата кој игра како позајмен во редовите на Шефилд Јунајтед и импресионира со неговите партии на теренот, го привлече вниманието и на луѓето од Јувентус, Арсенал и Тотенхем. Хендерсон во претходната сезона играше за третолигашкиот тим Шрузбери и беше избран во идеалниот тим на лигата.
Големата надеж на англискиот фудбал во летото во 2018 година потпиша Манчестер Јунајтед и веднаш потоа беше испратен на позајмица во Шефилд Јунајтед.